Завршен апел за помош на Данче од Охрид

9

Превземено од фб

“Данче е самохрана мајка на три сина, Јовче, 22 год, Стојмир, 18 год. и Саше , 15 год. од Охрид. Живеат под кирија на периферијата на градот, кон с. Рамне во тешки услови. Иако работи како хигиеничарка 4 дена во неделата, со платата не може да ги покрие големите трошоци за кирија, сметки, храна и основните потреби на донаќинството, а камо ли потребите за облека, обувки и сл. за децата. Јовче, како штитеник на специјалното училиште за деца со пречки во развојот, се снаоѓа за работа повремено како физички работник најчесто во градежништво, но се случува и да не биде платен за таа работа.

Ова семејство има потреба од следниве работи:
– намештај: шкаф или плакар за алишта, наткасни, масичка за ТВ, теписон или килим, исправен шпорет на дрва, маса и столици
– покуќнина : постелнина, јастуци, јоргани, ќебиња, пешкири, чаршафи и навлаки за јастици
– тенџериња, тави (поголеми ), прибор за јадење, тањири, шољи…

За Саше, 15 год.,едно прекрасно момче, средношколец во машинско училиште : кондури бр. 43, патики, фармерки, јакна, блузи, веш, чорапи, тренерки, големина L (XL), ранец или торба за на школо, школски прибор и има огромна желба да има било каков компјутер.
За Јовче и Стојмир, исто така кондури, патики, бр. 42, алишта, големина L, веш и сл.
Данче за себе не бара ништо, но сепак сметам дека и е потребно… ако имате женски алишта големина М и бр. на кондури 37, ќе и бидат добредојдени.

Сепак, најнеопходно им е храна и средства за хигиена.

Однапред Ви се благодарни за помошта.
Оваа акција ја правиме со хуманите луѓе од здружението Вистински дела на љубезност, каде можете да се обратите за достава на помошта, од каде ќе биде и организиран превозот од Скопје до Охрид, или пишете ми во инбокс или во коментари.”

3

1

2

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: