Завршен апел за помош на чичко Никола

9

Превземено од фб и Вистински дела на љубезност.

 

Пред неколку дена, на социјалните мрежи се објави еден статус кој предизвика големо внимание.

Лазе Тодоров:

„По пријатен разговор со постаро лице сум немал многу одамна.
Ова е чичко Никола со потекло од Велес живее сега во Скопје во старата фабрика за ориз во Автокоманда ( кај Меркур претпоследна 2ка), без никакви примања, без струја само со вода.
Mе замоли сам, да го ставам на интернет и секој што има вишок на стара облека, кебиња, храна да му ги однесе во фабриката.
Жална е неговата судбина, интелегентен човек, бил машински инжинер,имал работа,жена,стан изгубил се,сега има проблем со нозете и кичмата и не е во работоспособна состојба.
Споделувајте“

1

 

По статусот, екипата на Вистински дела на љубезност го посети чичко Никола…

“По повеќе објави на социјалните мрежи, дојдовме во директен контакт со Никола, долгогодишен бездомник кој живее во напуштената фабрика за ориз во Автокоманда.
Овој човек поминува низ секојдневен кошмар, живее во ненормални услови без струја, греење и храна, со месеци неизбањат и со нечиста облека на себе. Во моментов најголем проблем му е нарушеното здравје, има болки во нозете, кичмата, проблеми со желудникот, изгореници на двете раце од киселина и друго.
Од него разбравме дека некој човек се понудил да повремено го носи во пунктот за бездомници во Момин поток за да ги користи хигиенските услуги на истиот.
Инициравме да на Никола му се извади Извод од родниот Велес, лична карта и здраствена книшка, и веднаш целосно се прегледа и добие соодветна терапија.
Доколку некој може на било каков начин да му помогне на Никола, нека му се обрати дирекно нему или нека не контактира нас.”

3

Ве повикуваме Вас хумани луѓе, да му помогнеме на чичко Никола да живее живот достоен за секое човечко суштество. Да помогнеме <3

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: