Завршен апел за помош на четиричлено семејство од Ресен

9

*Во соработка со Асоцијација “Хуманост”

Пријатели, уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело.

Во Ресен живеат една мајка, татко и нивните две ќерки, на возраст од 17 и 21 година.

Како социјално загрозено семејство, тие ја немаат среќата да имаат безгрижен живот како повеќето од нас.

Најчесто со помалку од потребната храна,  со поскромна облека, но со надеж дека утре ќе биде подобро….

Ајде ние сите да го донесеме тоа Подобро Утре сега, и за овие луѓе.

Секоја помош во облека, храна, обувки, постелнина, техничка роба која вие веќе не ја користите е добредојдена.

Сите Хумани луѓе кои сакаат да помогнат, потребните информации околу доставата на помошта можат да ги добијат на  077 963 672

Да покажеме сека сме ГОЛЕМИ!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: