Завршен апел за помош на Билјана Лазова

3

До сите хумани луѓе!

Денес е многу тешко да си самохран родител, а уште потешко кога болеста ќе пристигне ненадејно.

Мајка на две деца се бори за нејзиното здравје. Пред неа се отворија врати на тешко секојдневие борејќи се со болеста.

Кај Билјана е утврдена дијагнозата Micredonoma Hypophise и е неопходна хируршка интервенција.

Таа е примател на социјална парична помош и нема други извори на приходи.

Затоа апелираме до сите Хумани луѓе да и помогнеме да ги собере потребните финансии, за лекувањето.

Иако не е голема сума, лекувањето чини 15.000 денари кои на Билјана и се многу значајни.

“Ја сакаме нашата Мајка” се зборови на нејзините прекрасни деца.

За да замине на лекување сите Хумани луѓе можат да донираат на следнава трансакциска сметка

Тутунска Банка

210501677128961

За лекување на Билјана Лазова

Однапред Ви Благодариме за Вашата Хуманост!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: