Завршен апел за помош на Анкица Стојковиќ

5
Aпелот е превземен од профилот на:
Petar Stojkovikj . Сите информации и документи може да ги најдете таму. Секако и да остварите контакт, доколку сметате дека е тоа потребно.
“АПЕЛ ЗА ПОМОШ
Драги пријатели, мојата мајка  Aнкица Стојковиќ (62) повеќе од три седмици ја носам во Градска болница на периодични преврски поради изгореница и корозија на глужд и стапало која сега премина во гангрена. Поради ограничените капацитети, ресурси и персонал во државната здравствена установа сѐ уште не можат да ѝ овозможат хоспитализација и соодветен здравствен третман бидејќи тоа подразбира надзор и асистенција 24/7 особено поради фактот што се работи за слепа жена и дијабетичар. Нејзината состојба се влошува од час во час и постои огромен ризик од прерана смрт доколку не ја добие потребната нега ВО НАЈСКОРО ВРЕМЕ.

Јас со моите скромни, неизвесни и нередовни хонорари успеав да го покријам досегашното лекување, но повеќе немам финансиски средства како би ѝ обезбедил итно лекување во приватна здравствена установа, единствената надеж за спасување на нејзиниот живот. Затоа ви се обраќам на сите Вам и ве молам да ми излезете во пресрет со парична помош во рамките на вашите можности. Вашите донации не само што ќе спасат еден човечки живот, туку ќе ми помогнат да го задржам покрај мене и оној еден преостанат родител.

Донациите можете да ги уплаќате на мојата трансакциска сметка:
Петар Стојковиќ
210501585637903
НЛБ Тутунска Банка

Однапред ви благодарам на вашето разбирање и помош. Ве потсетувам, СЕКОЈ ИЗМИНАТ ЧАС Е ПРЕСУДЕН. Ве молам споделете.

Искрено,
Петар

P.S. Во прилог извештај од специјалист и фотографии од мојата мајка од октомври минатата година.

UPDATE 25.02.2014 23:30h
Драги пријатели, досега собрав 5200 денари. Мајка ми итно беше пренесена во специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ каде докторите во последен момент успеаа да ја повратат од мртвите (бидејќи веќе навлегла во почетен стадиум на сепса поради несоодветна и ненавремена здравствена грижа во Градска болница).

Сите прегледи, детални анализи и терапии кои ги прими во „Филип Втори“ нѐ чинеа 7190 денари, а утре потребно е да се направи МСКТ на крвните садови на долните екстремитети кое чини 12.200 денари, а потоа следи контрола со наодот кај васкуларен хирург. Од скенот ќе видат дали ќе одат со бајпас варијанта за да обезбедат циркулација во крвните садови во деловите од стапалото што моментално се без доток на кислород (интервенција која оди со партиципација и на терет за ФЗОМ), или втората варијанта е парцијална ампутација на дел од стапало (интервенција која оди приватно и сѐ уште не знам колку ќе чини). Сето тоа зависи од тоа што ќе покаже скенот. Неизмерно и од срце Ви благодарам на сите што досега ми излеговте во пресрет со донација како и оние кои допрва ќе го сторат тоа, и ми помагате да го спасам животот на мајка ми, но исто така и на оние кои ми испраќаат пораки за поддршка и придонесуваат во ширењето на информацијата со споделување.

Извештај од денешната хируршка интервенција можете да погледнете на следниот линк: http://goo.gl/VU4rDz

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: