Затворен апел за помош на Ања Арсовска

20

Ања Арсовска е едно малечко сонце , кое засвети на овој свет во мај 2010 година, и донесе многу радост кај тато, мама и двете братчиња.

И покрај финансиските потешкотии на семејството во кое никој не е вработен, ведрината и семејната благосостојба траела 1,5 години, кога родителите со соочиле со првите здравствени проблеми на малечката Ања. Забележале дека нивната ќерќа заостанува во психофизичкиот развој, дека има слабо развиена моторика и делумна одземеност на левите екстремитети. Тогаш започнала нивната голгота по здравствените установи низ земјава, каде постојано добивале црни сценарија. Од такви дека нема надеж за рехабилитација на Ања, до такви дека најдобро за семејството е да се откажат од неа и да ја дадат на специјализирана установа.

-Бевме разочарани од она што го слушнавме од лекарите, но во ниту еден момент не помисливме да се откажеме од борбата да ја видиме Ања здрава и полна со живот. . Проблемите почнаа кога Ања таму доби силни напади и грчеви во целата мускулатура. Не примија во болница, лежевме десетина дена и плативме 1.700 евра. Сега се соочувавме со се поголеми маки. Ања е потполно неподвижна, не може да ја држи главата исправена, јаде само пасирана храна и единствено реагира кога ќе ги види мама и тато – вели со солзи во очите таткото Даниел.

Со тешки маки, успеале да прособерат пари за да направат поконкретни испитувања на скопската Клиника за детски болести. Таму констатирале церебрална парализа со идиопатска епилепсија, со чести грчеви кои го доведуваат во опасност животот на четиригодишната Ања.

Моментално на родителите на Ања им требаат средства за физикална терапија, фондот покрива за Ања ама не и за родител, а тоа им се трошоци неколкупати годишно по 35000 денари. Семејството Арсовски од Кратово нема средства, живеат од 8.000 денари кои ги добиваат од државата за трето дете.

ДОНАЦИЈА ЗА АЊА АРСОВСКА
Т-МОБИЛЕ 070143121

ЦЕНТРАЛНО-КООПЕРАТИВНА БАНКА А.Д.СКОПЈЕ

ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА 320500023718130

ДЕВИЗНА СМЕТКА : Daniel arsovski iban MK07 3205 4000 2874 768

kontakt tel -0038978453530

 ИЗВОР : http://www.aberdzija.com/gradska/ima-li-nadezh-za-malata-anja-od-kratovo-potrebni-se-4.500-evra.html

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

7 коментари

  1. Објавено од m, на Одговори

    Dali moze da se dobie IBAN od smetkata za Anja Arsovska, za pomos od lica koi ziveat nadvor od Makedonija?

  2. Објавено од Beton Kratovo Dani, на Одговори

    Девизна сметка iban daniel arsovski mat broj -1710985423009 I racun-MK07 3205 4000 2874 768

  3. Објавено од Beton Kratovo Dani, на Одговори

    Daniel arsovski iban MK07 3205 4000 2874 768 I maticen broj 1710985423009 kontakt tel -0038978453530

  4. Објавено од daniel, на Одговори

    anja nema donaciski broevi anja ima samo trancaksiska smetka potrebni sa ni hitno sredstva da gi platime trosocite za anja a ne sme vo moznost zatoa ve molime za pomos do site ustanovi

  5. Објавено од daniel, на Одговори

    dali moze da ni pomognete da go uspravime na noze devojceto kolku mozeme ima zabavi koncerti bas sme u hitnost sto treba pari da sobereme ova nesme go platile a sega vo maj ide druga terapija molimo za pomos do site ustanovi

  6. Објавено од daniel, на Одговори

    tel -072321306 do kontakt so anja

  7. Објавено од daniel, на Одговори

    molimo vas apel do site ustanovi za pomos da pomogneme na anja

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: