Завршен апел за помош на Ангел Зафиров

3

Анѓел Зафиров од Скопје има потреба од електрична инвалидска количка и помош во храна и облека. Моментално користи рачна количка, но поради истоштеноста на неговиот организам и поради местоположбата на живеење, не е во состојба да ја турка количката со своите раце.
Како последица од повреда на работното место, инфекцијата на левата нога се раширила до таа мера, што морало истата да му се ампутира. Од тогаш палецот на десната нога му загнојува со тендеција да се шири на целото стапало.
Волонтерите на здружението го посетуваат, го придружуваат за редовните преврски, му помагаат во домот и благодарение на дарителите, му носат храна и облека.
Можете и вие да се вклучите во дарувањето.
Податоци за контакт (на Постерот).

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: