Завршен апел за помош на Александра Робев-Сашка

31

Превземено од Фб групата за Хуманитарна помош за Сашка

“Александра Робев-Сашка има 40 години, таа е мајка, сопруга, сестра…

Центар на нејзиниот свет се нејзините две деца, плавоокиот Иван кој има 2,5 години и прекрасната Кала која има 10 години и нејзиниот сопруг Константин Робев.
Сашка е ликовен уметник кој долги години работи како графички дизајнер. Пред точно една година е констатирана нејзината болест- Adenocarcinoma pancreatic или малигна неоплазма на панкреасот. Извршена и е операција на клиниката за абдомен каде што е изваден дел од карциномот и направен е бајпас на жолчката. По опоравувањето од операцијата ја подложија на хемотерапија на Онкологија каде што и заврши пред извесен период. Во период на летото таа се чуствуваше многу подобро но пред повеќе од еден месец нејзината состојба нагло се наруши.


Таа веќе не е во состојба да прима храна па затоа целата храна која и е потребна за нејзиното тело ја прима венски преку специјална инфузија. На клиниката за онкологија и е кажано дека неможат веќе да сторат ништо за неа и да бара чаре на друго место. Во текот на изминатава година се бараа болници во Европа каде што ќе можат да ја примат и да ја лекуваат, и после извесен период добивме позитивно писмо од клиника од Берлин дека имаат можност да ја подобрат нејзината здраствена состојба со посебен третман кој го имаат на клиниката за пациентите заболени од канцер. Последната информација која што ја добивме е дека најрано што можат да ја примат е на 11 јануари 2016 година, а сумата која што треба да се плати се очекува денес да ја кажат докторите од Берлин за што дополнително ќе бидете известени.


Драги пријатели познати и непознати, да и помогнеме заеднички да го продолжи својот живот, да може да им се радува на своите две деца, да се радува на секој сончев ден и да продолжи да ја има насмевката на нејзиното лице.
Деновиве ги очекуваме и броевите од тел. Броеви каде што ќе може да донирате телефонски.

Донациски број за корисниците на Телеком 070 143 144

Донациски број за корисниците на ОНЕ 075 143 200

Донациски број за корисниците на ВИП 077  143 111

Исто така може да се донира и на следниве жиро сметки:
Здружение за организирање на хуманитарни настани Родители и деца- РИД Скопје
Жиро сметка – 290100000188323ТТК Банка

Девизна сметка
RODITELI I DECA.-RID SKOPJE
IBAN: MK07290722000004409
SWIFT:TTXBMK2X
ACC. 00-722-0000044.8
TTK Bank A.D

Таа е човек со големо срце, таа е полна со љубов, таа е огромен борец, човек со неверојатно позитивна енергија, храбра, силна но многу болна, НО и покрај огромниот товар и болка што ги носи во нејзината душа, Секогаш е насмеана.
Таа е Александра Робев. Нашата Сашка. Девојката од нашиот Чаир Таа има 40 години, таа е мајка, сопруга, сестра..ДА И ПОМОГНЕМЕ!!!”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

2 коментари

  1. Објавено од Lisa, на Одговори

    Znaci, napravete da se donira 100d od bilo koj broj

  2. Објавено од dsfag, на Одговори

    i ne dozvoluvajte Stavre da krade 18 MKD po donacija. Obezbedete go toa E8ANO pusulche so koe se dokazuva deka “donacijata e od javen karakter”…
    Mater im *&^*(, i od vakvi raboti talozat parichinja za platichinja…

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: