Завршен апел за помош на 8 годишниот Кирил Јованов

1

Итна трансплантација на матични клетки му е потребна на 8 годишниот Кирил Јованов од Штип. Пред речиси една година му е дијагностициран рак на лимфните јазли. Неговите родители буквално молат за помош бидејќи, операцијата од која зависи животот на нивното единствено дете, ќе чини 280 илјади евра. Од конзилиум на лекари Кирил бил упатен на лекување во странство. Но, првостепената комисија на Фондот за здравство го одбила барањето на семејството Јованови да им даде 80 проценти од сумата. По нивната жалба допрва треба да одлучи второстепената комисија од министерството за здравство. Кирил сега лежи на Детската клиника во Скопје и прима хемотерапија, која само му ја стабилизира кревката здравствена состојба. Сите хумани луѓе можат да донираат на жиро сметката отворена за оваа намена, како и на телефоните за донации.

Нашата хуманост е единствениот спас за 8-годишниот Кирил.

Жиро сметка:
530 5000 151 63 288 , Охридска Банка – Штип
Телефони за донации:   ONE 075/143 550,   VIP 077/143 775   и  T-Mobile 070/143 191.

АПЕЛОТ Е ЗАТВОРЕН

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

4 коментари

  1. Објавено од ivana janevska, на Одговори

    ajde ljuge mozeme barem eden nas obrok da odeleme za eden decki zivot koj stotoku pocnuva ajde da mu dadaeme sansa kire da bide so nas ziv izdrav mozeme toa da mu go ovozmozeme zosto eden decki zivot e povazen od se

  2. Објавено од Katerina, на Одговори

    Bi bilo dobro dokolku se otvori i devizna smetka za da moze lugeto od stranstvo da doniraat. Preku telefonite i denarskata smetka ne e vozmozno da se prefrlat pari dokolku isprakacot e od stranstvo.

  3. Објавено од Natasa, на Одговори

    Kako e mozno toj fond za zdravstvo da go odbie baranjeto????
    Neka im e gospod na pomos na roditelite, ama neka ne cekaat, neka vikat mediumi da se digne prasina, da se napravi pritisok…. Pa koj da dobie od fondot za zdravstvo ako ne edno dete…. SRAMOTA!

  4. Објавено од marika, на Одговори

    Srce malo,pocivaj vo mir. Sramota e ova sto Fondot najprvo go odbiva baraneto za lecene vo stranstvo. Najcesto se raboti za bolesti koi ne trpat odlagane.So ova odbivane Fondot samo kupuva vreme a vo meguvreme zdravstvenata sostojba na pacienot se vlosuva. Potoa vtorostepenata komisija go odobruva baraneto megutoa toa za pacientot e mnogu kasno.Mnogu e jasno deka Fondot si go stiti svojot djep.Pa do koga vo ovaa drzava ke ima pari za seee,bukvalno za se a nema pari za lecene vo stranstvo. Se prasuvam sto e pobitno za ovaa drzava Da ima mlada i zdrava populacija ili da se gradat spomenici ili slicno.?Krajno vreme e gospodata ov vlada seriozno da razmisli za ova prasane.

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: