Завршен апел за медицинска помош за малиот Јасин од Октиси!

5

Информацијата во целост е превземена од http://labunista.mk/

“Jасин е слатко мало детенце кое што својот прв роденден го прослави во февруари. Ова малечко сонце константно им го развеселува животот на своите родители и роднини мамејќи им насмевки, радост и гордост.
Негова омилена храна се чоколадите а она во што најмногу ужива е да си игра со своето поголемо братче.

Но сепак Јасин не е како другите деца на негова возраст. Неговата моментална состојба не му дозволува да го живее својот детски живот во потполност. За да ги почуствува сите убавини на дестсвото, за да продолжи да си игра со својот миленик, постарото братче, на Јасин му е потребна трансплантација на коскената срж од страна на компатибилен донатор.
Јасин има состојба на имунолошки дефект и досега, за жал, сеуште не е пронајден компатибилен донатор.
Затоа се апелира до сите хумани луѓе да се зачленат во регистарот за потенцијални донатори при Институтот за имунолошки испитувања и да помогнеме во спасувањето на овој млад живот.
Она што е потребно е да се отиде во Институтот за имунолошки испитувања кој се наоѓа во Државна болница во Скопје да се достави примерок од крвта и со самото тоа сите стануваме потенцијални донатори, и  шансите да спасиме нечиј живот се многу големи.

Почитувани читатели сите кои сакаат  да му помогнат на малиот Јасин треба да ги направат следните чекори:

1.Сите заинтересирани мора да бидат на возраст од 17 до 50 години.

2.Заинтересираните мора да поседуваат здравствено осигурување.

3. Заинтересираните не смеаат да бидат хронично болни.

4. Заинтересираните треба да потпишат согласност со кој ќе влезат во централен регистар за коскена срж во Македонија а воедно и во Светот.

5. Давањето на примерок од крв за коскена срж ќе се одржи во сабота на 16.05 2015 која ќе започне во 08 часотнаутро во здравствениот дом во Вевчани.

НАПОМЕНА: Сите кои одлучиле да му помогнат на малиот Јасин нека се јават на следниот телефонски број 075 582 740 кај лицето Фатмир Асаноски да потврдат. Мора да се знае точната бројка која сака да помогне за да може да се организира за да стигнат сите да помогнат.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: