Завршен апел за малата Ева Саздовска

9

Ева живее и работи (читај оди на училиште) во Скопје. Омилени места и се Зоолошката и Кисела Вода (бидејќи продавницата за сладолед е многу блиску :)). Зборува литературно македонски и правилно акцентира.Сака да црта, бои и да си разговара. Ева е сонце за триста светови. :)

Ама здравјето, тоа не ја служи. Ева  боледува. Не знаеме од што точно. Веќе 3 години Ева редовно ги посетува клиниките низ Скопје, понекогаш на неколку часови, понекогаш на неколку денови, недели… Резултатите се секогаш лоши, ама никој не знае зошто се толку лоши. Веќе 3 години Ева тестира најразлични коктели на лекарства и диети. А  дијагноза, нема. Од време на време докторите ќе се “посомневаат“ во одредена болест, поради одредени резултати. По дополнителни тестирања првичната дијагноза останува непотврдена а кај докторите се јавуваат нови “сомнежи“. До сега, сомнежите паѓаа на целијакија, мала листа на автоимуни болести, проблеми на црниот дроб… Последна на листата на можни заболувања е мускулна дистрофија. Проблем е што во Македонија не може да се направи мускулна биопсија така што останува и оваа претпоставка непотврдена. Во моментов, македонското здравство не може да направи ништо за Ева и Ева мора да оди на дополнително испитување во соодветна клиника во странство.

И оттука причината за овој блог, од маката. Елена и Дејан, на Ева мајка и и татко и немаат доволно пари да ги продолжат испитувањата. Доволно пари нема ниту вујче , баба и, тетките ниту сите други што ја сакаат од петици. Што имавме – собравме. Ама потребни се многу повеќе. И оттука овој блог – да ве замолиме сите да помогнете, да подсобереме доволно да и дадеме шанса да оздрави.

Донации може да се прават на следните жиро сметки:

денарска:       270 700030437676 Halk banka

девизна:        270-7000304379.67 Halk banka

 Во оваа земја, колку сме – толку сме, ама јаки сме ;)

Ви благодариме на поддршката, од се срце,

на Ева најблиските

ПС: За да нема забуни, Ева има 6 години и сеуште нема поим за социјалните мрежи (фала богу :)).  Затоа блогот го уредува Елена – на Ева мајка и заедно со на Ева тетките, бабите, дадите и сите оние на кои Ева им нацрта и обои цртеж при последниот престој во болница. Сите средства одат пред се кон дијагностицирање а потоа и лекување на Ева. Во случај собраните средства да го надминат износот потребен за лекување, остатокот ќе биде дониран во добротворни цели, по избор на Ева.

Извор: Блогот на Ева

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: