Завршен апел за хуманитарна помош

0


Детето НИКОЛОВСКИ  ДИМИТАР, родено на 21.01.1999 година во Скопје, боледува од тумор на мозокот (Dg. Tu cerebri–Epi) и има секојдневни епилептични напади. Димитар еднаш е опериран во Љубљана пред 6 години, но здравствената состојба не му се подобри. Сега се предлага уште еден оперативен зафат, во Турција, кај светски познатиот детски неурохирург Dr. Memet Ozek.

Помалиот брат на Димитар, ФИЛИП НИКОЛОВСКИ, роден на 02.03.2005 година во Скопје, и е на возраст од шест години, боледува од леукемија, и тој се наоѓа на Детската Клиника во Скопје, на одделението за хематоонкологија, и прима цитостатска терапија. Лекувањето на Филип ке се одвива во Скопје, но лекувањето на Димитар потребно е да се изведе во Турција во болницата ACIBADEM. Цената на операцијата во Турција изнесува 30.000 долари.

Отворени се и телефонски броеви за донации: за Филип 070/143-114, и за Димитар 070/143-115 на кои што со едно јавување се донираат 100 денари.

Во име на целото семејство Николовски, најискрено и најдлабоко ги замолуваме сите хуманитарни луѓе, доколку сте во можност да донирате парични средства на жиро сметка 300007088792725 од Комерцијална Банка за хуманитарна цел. Средствата ке бидат искористени за собирање на потребната сума на пари за операцијата на Димитар во Турција.

Сега можете да донирате и на следните броеви :

ОНЕ – 075/143-403
ВИП – 077/143-703

Однапред, на сите вас, многу ќе ви бидеме благодарни.

Со почит до сите вас, семејство Николовски.
Контакт телефон 070/ 305-915

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од tina bus, на Одговори

    sekoj neka pruzi nadez na ova dete i neka pomogne kolku moze. blagodaram

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: