Завршен aпел за директна помош за справување со последиците од поплавите во Чешиново-Облешево

3

Комплетно превземено од :http://cesinovo-oblesevo.gov.mk/?p=1836

“Поради надојдените води од река Брегалница и сите нејзини притоки и суводолици територијата на општина Чешиново-Облешево беше зафатена  од поплави. Поплавени се многу домаќинства и земјоделски површини. Три села се отсечени и во моментот работи механизација за да се стигне до истите.

По извршени анализи на Центарот за јавно здравје Кочани, водата хемиски и бактериолошки не е исправна за пиење. Со помош на противпожарните единици до селата со цистерни се носи техничка вода.

Добредојдена ќе ни биде секаква материјална помош и тоа најмногу во вода за пиење.

Можете и да донирате на следната сметка:

772014046063012     –     Буџетска сметка на Општината

725939                          -приходна сметка (други неданочни приходи)

Однапред ви благодариме,

Општина Чешиново-Облешево

Градоначалник Костадин Личкo”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: