Завршена акција за собирање на помош за бездомниот Стефан (Севрџан)

9

Да покажеме дека сме хумани и дека кога е потребно сме тука.

Датум: 16.11.2015 – 19.11.2015 година

Место: Собирниот пункт за хуманитарна помош на Црвениот крст на РМ во Момин Поток.

Адреса: Момин Поток бб. – тел. 02096227

Собирна акција за: Облека ХL , обувки бр.43, средства за хигиена.

Стефан Јовановски е лице  кое е бездомник 15 години, кој се обидува и сака да го врати стариот живот и да биде како и секој друг човек.

„Најтешко му е кога ќе побара пари од некого кој не го познава, кога ќе ја пружи раката за десет денари. Единствено нешто што искрено без никаков срам бара е некоја пристојна работа со која би можел да го протурка месецот без да ја пружи раката за парче леб.“

За Стефан се обезбеди сместување во Хостел кој е платен за еден месец. Понудена е и работа. Останува на сите хумани луѓе кои имат можност да ги обезбедат преостанатите средства за Стефан да може нормално да продолжи да живее и да се радува на секој ден и верува дека сепак хумани луѓе постојат.

Собрината акција е организација на хумани луѓе кои сакат да помогнат. Преземено од ТУКА

Ви благодараме што сте спремни да помогнете, ве очекуваме!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: