Акција „Биди солидарен – подари книга“

1

По повод Меѓународниот ден на солидарност во петок (20 декември), Агенцијата за млади и спорт организира акција „Биди солидарен-подари книга“.

Со оваа активност со која се одбележува Денот на солидарност, Агенцијата за млади и спорт ќе донира книги за децата од јавните установи „Ранка Милановиќ“ и „Топанско Поле“ од Скопје. Воедно, во рамки на акцијата, Агенцијата за млади и спорт ги повикува сите граѓани да донесат свои нови или веќе користени книги во просториите на Агенцијата, кои потоа ќе бидат подарени на децата од овие установи.

Целта е да се охрабрат младите луѓе да градат навики за читање , но и да им се помогне на институциите за обезбедување едукативни материјали кои би помогнале во социјално-воспитниот процес.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: