Собирање стара облека со учество на учениците со посебни потреби

2

Превземено од Радио Моф

Асоцијацијата „Ајде Македонија“, заедно со државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ од Скопје воведуваат нов систем за донирање стара облека.

Целта на проектот е да се намали фрлањето отпадот од текстил, да се помогнат лицата од социјално загрозени фамилии, но и да им се овозможи  на лицата со посебни потреби да покажат дека можат да придонесат со својата работа во општеството.

Во контејнер кој е поставен пред училиштето, сите граѓаните можат да го остават стариот текстил и старата облека. Потоа, учениците од текстилната струка ќе се погрижат за преработка на текстилот и тој да добие форма која е соодветна за употреба. Контејнерот е изработен од учениците од машинската струка, градежната струка го бојадиса контејнерот за текстил, додека графичката струка ги направи флаерите за промоција.

Проектот, кој се изведува од тимот на „Ајде Македонија“ и кадарот на училиштето, овозможи учениците со посебни образовни потреби од сите струки целосно да го изработат целиот процес на собирање, преработка и донирање на стариот текстил.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

4 коментари

  1. Објавено од Stojka, на Одговори

    Sekoja cest za koordinatorot na proektot i za site ucesnici vo istioot.Ucenicite od masinska strukrura mnogu strucno go izrabotile kontinierot,pofalbi za niv.Sega graganite treba da ja iskazeme nasata humanost za da i pomogneme na socijalno zagrozenite.

  2. Објавено од Aleksandra, на Одговори

    napiste mi ve molam adresa da mozam da donesam stara garderoba
    Sekoja cest za ovaa Humanitarna akcija

  3. Објавено од jasminaap, на Одговори

    Здраво Александра, очекуваме информација дали сеуште важи оваа акција. Ќе Ве известиме дополнително.

  4. Објавено од jasminaap, на Одговори

    Здраво Александра,
    адресата е Ул. Васил Ѓоргов бр. 47б Скопје, во близина на Заводот за вработување.

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: