Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, за помош на мигрантите затеканти на територијата во Македонија

2

Драги Змијанац:

„Драги пријателки и пријатели, подржувачи на детските и човекови права,потребна ни е ваша помош за да им помогнеме на емигрантите затеканти на територијата во Македонија.
Ве молиме за лесни обувки, капи, кенгурки за носење бебиња, ќебиња, вода, фластери, енергетски плочки, флуросцентни елеци, креми за сончање итн., се она што мислите дека би им помогнало на децата и родителите емиграни кои долго, пешки или со точак, патуваат низ Македонија во овие жешки денови.
Собирен пункт е во просториите на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, Коста Новаковиќ 22а, карши поликлиниката Јане Сандански во нас.Аеродром секој работен ден до 17ч, а во сабота побарајте не на тел 070390632 (10ч.-12ч.)
Воедно имаме потреба од волонтери и волонтерки кои би биле вклучени во различни активности, дистрибуција и делење помош, организирање активности за деца, поправање точаци итн. Отворени сме за секакви предлози и сугестии за подобрување на состојбата.
Однапред Ви благодариме за секоја помош и поддршка колку и да е малечка.“

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: