Помогнете да се отвори првиот инфо центар за стари лица

2

Преземено до ТУКА

Од м. Октомври 2015 година започнуваме со кампањата: ‘’Помогни кога е најпотребно”, благодарение на поддршката од ЕВН и Томато Продукција, обезбедена со наше учество во квизот: ”Среќно семејство”.
Кампањата има за цел, обезбедување на финансиска поддршка за креирање на првиот ONLINE инфо центар за стари лица во Република Македонија.
Посебна благодарност упатуваме до Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК и Владимир Танески, за освоеното Прво место во квизот ”Среќно семејство”.

Бидете и ВИЕ дел од нашата успешна приказна и помогнете ни!

 ДОНИРАЈТЕ ЖИРО СМЕТКА

300 000 003 6940 87AD

Komercijalna Banka Скопје

Онлајн инфо центарот овозможува

Зголемен пристап на семејствата и старите лица до правата на социјална заштита на стари лица и начините за нивно остварување

Информирање на семејствата и старите лица за постоечките установи за институционално згрижување на старите лица

Доближување на работата и услугите на домовите за стари лица до семејствата и старите лица (услуги, местоположба, цената на чинење, капацитети, контакт лица и др.)

Зголемен пристап до корисни едукативни содржини поврзани со нега на старите лица

Подобрување на квалитетот за грижа на старите лица

info_centar_SB

Зошто е потребно?

Нашето досегашно искуство ни укажа дека семејствата најчесто се препуштени сами на себе при остварување на правата од социјална заштита на стари лица, недостасуваат содржини поврзани со негата на старите лица, нивната исхрана, потребата за физичка и умствена активност, нивна социјализација, постои недостиг од информации за постоечките установи за социјална заштита на стари лица, сервисите за домашна нега и другите форми на социјална заштита на старите лица.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: