“Подари книга”-Проект на Министерството за труд и социјала

3

Официјални информации на http://mtsp.gov.mk/podari-kniga.nspx

„ПОДАРИ КНИГА“ е проект наменет за граѓаните во социјален ризик и за лица со ниски примања. Основната идеја на проектот е секој оној којшто има можност да подари книга, истата да ја достави во некоја од филијалите на Македонска пошта, Центрите за социјална работа или во детските градинки. Книгите коишто ќе ги донираат граѓаните, фирмите и институциите ќе бидат ставени на располагање и во корист на децата без родители и родителска грижа, на згрижувачките семејства, на сите членови од семејствата во социјален ризик, на материјално необезбедените граѓани и сите оние кои не можат да си дозволат нова книга.
Целосен список на донираните книгите кој редовно ќе се ажурира, ќе се објави на веб страната на Министерството за труд и социјална политика. Тој список ќе биде достапен на сите заинтересирани граѓани кои се евидентирани во системот на социјална и детска заштита, а коишто имаат потреба од одреден наслов. Овие лица ќе можат да се пријават како баратели на книги во триесетте Центри за социјална работа. Задолжени лица во министерството по претходно добиени податоци од Центрите ќе вршат поврзување на донацијата со барателот кој има потреба од неа. Потоа, Македонска пошта ќе врши бесплатна достава на книгата до барателот. Оваа услуга ќе се врши по принципот “КОЈ ПРВ ЌЕ СЕ ЈАВИ, ТОЈ ПРВ ЌЕ БИДЕ УСЛУЖЕН”. 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: