Да им помогнеме на децата во Македонија-Ран Детски Развој

6

 

 

Центрите за ран детски развој кои ги поддржува УНИЦЕФ претставуваат исплатлива алтернатива за спроведување квалитетни програми за ран детски развој. Тие се најсоодветни за места во кои тешко би се создале услови за отворање на детска градинка, како што се на пример руралните места и маргинализираните заедници. Децата посетуваат организирана програма за учење неколку часа дневно, а родителите добиваат пристап до образовни програми за работа со децата дома. Програмата што се нуди преку центрите е заснована врз стандардите за учење и развој во рана возраст кои ги поддржува УНИЦЕФ.

Секој денар дониран за оваа иницијатива помага да се подобри учењето и развојот на децата од 0 до 5 години.

Посветеноста на намалување на сиромаштијата и зголемување на можностите на сите деца да успеат во образовните постигнувања бара поголема инвестиција во раното детство и интегрирање на здравствени, социјални и образовни интервенции на локално, на регионално и на национално ниво. Колку повеќе ќе се вложи во создавањето услови за квалитетен развој на детето во раната младост, толку помалку ќе треба да се вложува во неговиот развој во подоцнежните периоди од неговиот развој.

Обебедувањето здрав когнитивен и социо-емоционалн развој кај секое дете заслужува највисок приоритет на секоја одговорна влада, локална заедница и кај секое семејство со мали деца.

Нашите деца се нашето најголемо богатство. Тоа што ќе им го дадеме во периодот од раѓањето до тргнувањето на училиште е најголемата инвестиција што кога и да е ќе можеме да ја вложиме во нив. Сè друго е надградба на темелот што сме го поставиле во најраното детство. Ако сме изградиле добар, цврст темел, ќе можеме спокојно да се радуваме на нивните успеси кога ќе пораснат. Миговите што ги двоиме денес за да одговориме на нивните љубопитни прашања, ќе ни се вратат десеткратно кога ќе почнат да не воодушевуваат со начинот на кој го толкуваат светот.

Инвестиција што вреди!

Unicef и Т-Мобиле за МАКЕДОНИЈА работат кампања за подигнување на свеста за раниот детски развој и отворање на градинки и овозможување на истите да функционираат според нормите за раниот детски развој.

Да им помогнеме !

Граѓани

ДОНИРАЈТЕ 100 ДЕНАРИ СО ПОВИК НА 070/075/077
143 555

Секој денар што ќе го донирате му помага на УНИЦЕФ и на неговите партнери да обезбедат можности за учење и правилен развој за деца од 0 до 5 години.

УНИЦЕФ го постигнува ова преку:

  • Отворање на нови центри за ран детски развој, во соработка со општините и во местата и заедниците каде што се најпотребни.
  • Обука на едукатори во центрите за ран детски развој и детските градинки за примена на најсовремени методи за холистички развој во раното детство.
  • Изработка на материјали за помош на родителите и на негувателите за работа со децата дома

 

Претпријатија

ПОСВОЈТЕ ЦЕНТАР ЗА
РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ

  • Еден од начините на кој претпријатијата може да помогнат е да “посвојат” центар за ран детски развој, односно да обезбедат средства за основање на центарот и покривање на тековните трошоци во првата година.
  • Учествувајте и остварете ја вашата заложба за корпоративна општествена одговорност преку влог во идните човечки ресурси на локалната заедница – децата.

http://www.prvite5.mk/pocetna.nspx

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: