Да ги поддржиме активностите на Пеперутка

5

Превземено од фб

“Малигните болести кај децата имаат посебна димензија, бидејќи го погодуваат целото семејство и што и да кажеме за тоа како се чувствуваат овие деца, не можеме да се изразиме на вистинскиот начин. Да се биде дете заболено од рак е доволно застрашувачки факт, а кога децата не го добиваат соодветното внимание и нега, шансите да се излечат од оваа болест се мали. Затоа е најважно опкружувањето во кое тие се наоѓаат, и е неопходно да им се пружи љубов и адекватна нега. Пеперутка, во име на децата заболени од рак и нивните семејства се труди да го подигне нивото на свест за оваа болест кај јавноста и кај сите надлежни институции за сите да помогнат, секој на свој начин. Сакаме да покажеме дека ракот не е неизлечив, но ни треба поддршка од државата и граѓаните, за да може овој ден да го славиме како победа на животот над смртта.
Нашата улога како организација е да бидеме линк помеѓу јавноста, институциите и семејствата со деца заболени од рак, да изнаоѓаме нови начини на пружање на помош и да ги стимулираме релевантните институции повеќе време да посветуваат на решавање на сите проблеми со кои се соочуваат секојдневно овие семејства. Условите во кои се лекуваат овие деца се еден од клучните фактори и ние како организација се трудиме да ги подобриме.

15 – ти февруари глобално се одбележува како ден за поддршка на децата кои се лекуваат од малигни заболувања, нивните семејства како и сеќавање на дечињата кои ја загубиле битката со ракот. Овој ден здруженијата ширум светот се оргазнизираат на најразлични начини да повикаат на одговорност на јавноста, на иснтитуциите, бизнис секторот и на сите засегнати за да се обезбедат најдобрите можи услови за лекување. На овој ден се организираат најразлични настани кои се одржуваат со цел да се подигне свеста за малигните заболувања на децата.

Ние, овој 15 – ти февруари ве повикуваме да го овозможите функционирањето на Родителската куќа која Пеперутка ја отвори за сместување на родителите чии деца се на лекување на одделот за хемато-онкологија во Скопје а се од другите градови на Македонија и за сместување на дечињата во пауза помеѓу терапии со донирање 100 денари на следните телефонски броеви

Телеком – 070 143 404
ONE-  075 143 888”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: