Честитајте ја 2017 година со новогодишни честитки од СОС Детското село

10

Ништо на светов, чинам, не е поважно од грижата за детето.

Херман Гмајнер

 

Ние, СОС Детско село Македонија, после 15 години посветеност, згрижени над 150 деца без родители и родителска грижа, поддржани над 500 деца во ризик во нивните биолошки семејства и овозможени услуги на 45.000 деца и семејства на бегалци кои поминаа низ нашата земја во изминатиов период, сè уште сме мотивирани да направиме ПОВЕЌЕ. За сите овие години, додека растеа децата и ние растевме со нив. Заедно ги преживувавме детските болести, зацврснавме и нема да бидеме нескромни ако кажеме дека сега сме посилно исправени и подготвени да одговориме на секој предизвик.

Децата го продолжуваат својот животен пат, како зрели млади луѓе, а СОС Детско село Македонија продолжува посветено да ја остварува својата мисија: ТОПОЛ ДОМ И ГРИЖА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ СОС Детско село Македонија оваа година слави 15 години! Нека ни е честит 15 годишниот јубилеј, продолжуваме уште похрабро напред. За нови успеси и уште повеќе детски насмевки!

На овој долг и макотрпен пат, до остварување на нашите успеси и резултати, ни помогнаа многу пријатели, поддржувачи, партнери и соработници, без чија поддршка многу деца немаше да добијат можност да имаат среќно детство и безброј убави спомени.

Со купување на Новогодишните честитки на СОС Детско село Македонија помагате секое дете да има грижа и топол дом. Ви го претставуваме нашиот каталог со Новогодишни мотиви за 2017 година. Нарачајте ги нашите Новогодишни честитки и овозможете да згрижиме деца, да поддржиме семејства и родители кои сакаат да се грижат подобро за своите најмили и да помогнеме онаму каде што е најпотребно! Ви благодариме на поддршката и ви посакуваме Среќна и успешна Нова 2017 година.

Целата галерија на честитки може да ја најдете на овој линк.

Преземено од www.sos.org.mk

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од Anna Kraleva, на Одговори

    Срекна нова 2017 година !

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: