Апел за помош на Влатко Мицкоски

10

Преземено од фб.

„Пријатели и пријателки, оние коишто ме познаваат лично и не. Се обраќам до сите вас бидејќи ми е потребна вашата помош повеќе од кога било. Последно да е да треба да си помагаме за вакви работи, но кога дошло мора до крај…

Имено, како што веќе знаат некои поблиски луѓе за мојата ситуација, a сега ќе ја споделам и со јавноста, боледувам од опаката болест на 21-ви век на само 23 годишна возраст, бубрежен канцер.
Извршена беше операција во јуни 2015 и токму кога мислев дека се’ е завршено, во март оваа година болеста се враќа и метастазира на неколку места, меѓу кои и коските.
За да се контролира оваа болест, примам т.н. таргет терапија (Votrient) во вид на таблети и покажува одлични резултати до сега т.е болеста полека се повлекува. Но, оваа терапија не е на позитивната листа на ФЗОМ и ја набавуваме од странство приватно и е многу скапа, чини 2100 евра месечно, сума којашто моето семејство не може да си ја дозволи за набавка на овој лек. Добивав донации од повеќе фирми, но тие беа доволни само за 5 дози кои веќе ги примив досега.

Затоа, ве замолувам сите вас во рамките на вашите можности да ми помогнете финансиски колку што можете.

Број на кој може да донирате 100 ден. од повик:
Корисници на One – 075 143 472
Корисници на Vip – 077 143 472
Корисници на Телеком – 070 143-102

Податоци за трансакциска сметка:
Влатко Мицкоски
210-5016789882-78
НЛБ Тутунска Банка

Од се’ срце ви се заблагодаруваме однапред, јас и моето семејство!“

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: