Апел за помош на семејството Трендафилови од Оризари – Кочани

12

Преземено од Телеграф.

Откако го изгуби двегодишниот син, откако врз него падна дел од покривот од старата куќа, сиромашниот Стојче Трендафилов остана и без сопругата, сам со две мали деца.

Ова е втора трагедија за неполна година што го погоди семејството на Стојчо Трендафилов, кој од минатата година бара да му се помогне.

Струја, дрва и храна се итно потребни за малите Стевче и Дивна од кочанското село Оризари, брат и сестра на двегодишниот Андреј кој почина пред Нова година откако врз него се сруши дел од покривот на распаднатата куќа.

Затоа покрај парични средства тие бараат се што може да им се најде за во домот, или продукти за прехранување.

Средствата донирајте ги на сметка:

210-700000629181

Тутунска банка, Кочани
Семејство Трендафилови од село Оризари,
Стојчо
Тел: 075-952-744

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: