Апел за помош на семејството Трајковски од Петровец

3

Преземено од novatv.mk и фб.

Во малата куќичка на Симона и Јовица Трајковски во скопски Петровец веќе година и седум месеци нема струја. Се насобрал долг од 360 000 денари кои тие не можат да ги отплатат, па ЕВН има ја прекинала струјата. Дома се тројца. Студот го чувстувавме силно оти малото оганче не изгледа доволно. А,во креветот заспан не дочека третиот член – тримесечното бебе Јоаким.  Светлото од нашата камера е првото светло кое Јоаким го виде оти без струја се откако е роден.

„Многу ми е тешко“, низ солзи вели Симона Трајковска.

Во малата куќичка на Симона и Јовица Трајковски во скопски Петровец веќе година и седум месеци нема струја. Се насобрал долг од 360 000 денари кои тие не можат да ги отплатат, па ЕВН има ја прекинала струјата. Дома се тројца. Студот го чувстувавме силно оти малото оганче не изгледа доволно. А,во креветот заспан не дочека третиот член – тримесечното бебе Јоаким.  Светлото од нашата камера е првото светло кое Јоаким го виде оти без струја се откако е роден.

„Многу ми е тешко“, низ солзи вели Симона Трајковска.

Јоаким е предвреме родено бебе. Бебе за кое се немаат пари ниту за млеко.

“ Кога донесовме од болница изгуби во тежина, немаме пари ниту за млеко. Одам се молам по соседите за да ми дозволат во нивната машина за перење да ги исперам алиштата барем за него. Немаме ниту шпорет, јадеме што ќе стигнемее“раскажува Симона.

Јовица бил професионален војник. Се борел и во 2001 година. Во битка го загубил слухот, но лекарската комисија не му дала инвалидска пензија. А без слух не е подобен за речиси ниедна работа, работа кој непрестајно ја бара.

„ Лекарската комисијата процени дека слухот не ми бил оштетен 20,6 проценти како што утврдија во државна болница, туку рекоа дека ми е оштетен слухот 19, 6 проценти и ме одбија за инвалидска пензија“, вели Јовица Трајковски.

Но животот му подготвил и други неправди. Сакал да вози такси, Но немал кола, па зел кредит. Вели дека такси компанијата го изиграла, па останал и без пари и без кола. Повремено подработува по нешто и ги отплаќа ратите од кредитот.

„Со сите пари што ќе заработев работејќи повремено во градежништво го отплаќавме кредитот и купувавме млеко за бебето“, вели Јовица.

Симона раскажува дека пред изборите ги посетиле од општина Петровец ,  но освен еден пакет со храна и малку портокали  не добиле ништо друго. После изборите заборавиле на нив и на дрвјата за огрев кои им ги ветиле.  Им понудиле да ја отплаќаат струјата на рати, но ова сиромашно семејство не е во можност да отплаќа рати кои се без работа и двајцата.

 

Немаштијата на семејството Трајковски, сепак е невидлива за институциите. Социјалните служби оцениле дека немаат право на социјална помош бидејќи поседувале земјиште кое е необработливо и без пристап.

„Не одбија за социјална помош сме имале ниви, но тие се необработливи ливади во непристапен терен, до нив не може да се дојде“, вели Симона.

Секоја помош за ова семејство е добредојдена. Освен струјата во нивниот дом, на Јовица му е потребна работа, за нивниот фрижидер повеќе да не биде празен, им треба и машина за перење. Но она што најмногу треба е институционална грижа, онаа за која сите граѓани плаќаме даноци.

 Контакт со Симона 072 679 608.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

2 коментари

  1. Објавено од Stefka Blazevska Tusevska, на Одговори

    Imam 17mesecno since. Celata obleka do sega ja cuvam i bi sakala da mu ja dadam na bebenceto. Imam i sisenca, cucli, glodalki,igracki…Znam deka ne e toa sto im e najneophodno ama moze da im se najdat. Koj e nacinot na dostava preku vas ili vo direkten kontakt so majkata? Edinstveniot problem mi e sto jas ne vozam.

  2. Објавено од jasminaap, на Одговори

    Здраво Стефка, најубаво би било директно да ја контактирате мајката и да се договорите за тоа како ќе им ја предадете донацијата. Доколку немате начин како да ја доставите, контактирајте не и ние ќе се обидеме да помогнеме исто така.

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: