Апел за помош на семејството Шаќири

4

Зимата ќе биде тешка за ова четиричлено семејство од Гостивар. Љатифе Шаќири со нејзините три деца живе во една мала соба, без минимални услови за пристоен живот. Таа вели дека нејзиниот сопруг е болен и не може да обезбеди ниту храна за своите деца.

„Во моментов сопругот е во болница, има многу висок крвен притисок. Не му циркулира крвта како треба“, рече Љатифе Шаќири.

Љатифе стравува како ќе ја преживеат зимата што доаѓа. Таа вели дека немаат минимални услови за живот. Нивната состојба уште повеќе се влошила, откако сопругот на Љатифе се разболел.

„Немаме греење, ниту брашно, ништо немаме. Не знам што ќе правиме. Децата нема што да прават. Поголемиот син ми вели дека стомакот му е празен“, рече Љатифе.

Семејството Шаќири се надева дека нивната приказна ќе ја разбуди свеста на надлежните институции, но и на хуманите луѓе со цел колку толку да им се излезе во пресрет  за еден пристоен живот како и сите други.

Трансакциска сметка
200 0029396074 96
Латифе Шаќири
Стопанска банка АД Скопје

Да помогнеме на ова семејство да ја преживее зимата.

Преземено од ТВ21 и фб

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: