Апел за помош на семејството Крстеви

28

Драги пријатели, апелот го активираме повторно, зошто ситуацијата на ова семејство е непроменета..

Драгица и Јосе од Велес повторно седат покрај празна трпеза без топол леб и манџа.

Двајцата сопружници така ја дочекаа 2016 година, во својот скромен дом без греење, во кој засега има струја но не се знае до кога? Драгица вели дека морале и се навикнале на сиромаштијата во која западнале не по своја вина.Но не можат да се навикнат на гладот бидејќи празниот стомак бара барем леб и сол.

„По една чаша вода имавме на новогодишната ноќ. Истото ќе ни се случи и за Божиќ. Останавме без денар. За жал мажот ми по три децении работа се разболе, остана без работа кога фабриката за тули во Велес се затвори, доби инвалидска пензија ама пред година ипол државата му ја укина. Сега леб не можеме да си купиме. Со негата за болно лице му купувам лекови и толку од тие пари, за друго немаме,“ рече Драгица.

Јосе е опериран од канцер на носот а сега боледува и од склероза. Тој по триесет и една година стаж остана без работа. Сега на педесет и девет години Јосе не зборува, само седи и отсутно набљудува. Драгица ,која исто така остана без работа кога се затвори стопанскиот суд, се збогува со дактилографската професија бидејќи никој друг работодавец не и даде работа. Таа сеуште не добила одговор на жалбата која лани во октомври ја напиша до државната комисија во управна постапка и во која побара да не му ја укинат инвалидската пензија на сопругот Јосе Крстев каде приложи медицинската документација со која докажува дека е болен и не способен за работа.

На Драгица сега единствена надеж и се добронамерните луѓе кои знаат да покажат дека во ова време не се изгубила човечноста. Таа ги моли за помош во храна и огрев.

„Господ нека им дари двојно повеќе од она што нам ќе ни го подарат, за да преживееме,“ рече Драгица./У.Ј

Добронамерните луѓе кои ќе посакаат да допринесат ова семејство да не биде гладно  доброволни прилози можат да уплатат на жиро сметките на

Драгица Крстева во ТТК банка 290500014867022

и во НЛБ Тутунска банка 210501624313646

или да им се јават на мобилниот телефон: 078 509 523.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.
Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: