Апел за помош на малиот Михаил и неговото семејство

11

“Даниела од Штип која работи во Центарот за советување и помош на жени кои се соочуваат со непланирана бременост “Лидија-Срце што чука“. со нас ја споделува сторијата за едно семејство од Штип кое живее во тешки услови и секојдневно се бори за својата егзистенција. Се работи за самохрана мајка, Александра, која живее со своето 9 месечно бебе и со својата мајка и со очувот. Оваа млада девојка имаше закажано за абортус, но после разговорот со нас сепак се одлучи да си го задржи бебето, иако во тој период буквално беа гладни. Слава на Господ, во февруари оваа година се роди малиот Микаил кој е прекрасно здраво бебе и е радост во ова семејство. Во тој период и се досега многу им помогнавме околу бебето. Скоро ништо и да не мораше да купуваат за него. Меѓутоа, Микаил расте и има потреба од повеќе.

Александра моментално добива околу 6 000 ден., од која добар, ако не и поголем дел и оди за отплаќање на кредит кој го земала за да изгради една мала куќичка од 2 соби на излезот од Штип. Моментално не живеат во оваа куќа бидејќи имаат долг кон ЕВН во износ од 20 000 ден. За овој долг се обидувам веќе некој период да соберам пари и да им го платиме. Досега имам собрано околу 11 000 ден. Сега живеат во куќата која останала од баба и која е многу стара и темна, со мали прозорци. Но и да се вратат во нивната куќа, зимата ќе биде невозможно да ја помината таму бидејки куќата не е измачкана и дува од сите страни. Дрва имаат многу малку, шпоретот е многу стар и издупчен, немаат машина за перење, перат во импровизирано купатило.

Многу тешко живеат. Инаку се многу скромни, не бараат од други.

Значи, сумирано, ова семејство има најголема и најитна потреба од:
– Машина за перење алишта
– Шпорет на дрва
– Дрва за огрев
– Храна
– Доколку имате контакти со некоја градежна фирма која како донација би можела да помогне однадвор да се изолира куќата со стиропор.

Во продолжение податоци и за донирање средства:

Александра Тоскиќ
Ул. Железничка бр. 137, Штип

Денарска – трансакциска сметка:
270-7000381665.39

Девизна сметка:
IBAN Code MK07270700041159183
SWIFT EXPCMK22
HALKBANK AD Skopje
Ul.Sv.Kiril I Metodij br.54

За подетални податоци контакт лице:
Даниела Јорданова
070/231 797”

Преземено од Вистински дела на љубезност

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: