Апел за помош на Лука Симонов

7

Сторијата на телевизијата ТВ 21, за фамилијата Симонови и нивното бебе Лука, која ја пренесе еМагазин, предизвика голем интерес од многу граѓани, кои изразија желба да помогнат.

еМагазин разговараше со таткото на Лука, Оливер Симонов, кој им рече дека неколку граѓани веќе ги контактирале преку неговиот број 077 943 438.

Го прашавле што најмногу им треба. Ова е дел од работите кои им се најпотребни пред престојната зима:

-Секаков тип на градежни материјали, железо, цигли, ќерамиди, за да ја средат куќата во која живеат, која секој момент може да падне. Во овј дел еМагазин јавно ги повикува сите градежни фирми да помогнат оваа семејство да добие пристоен дом. Секако и човечка рака за да се реализира тоа е добредојдена.

-Им требаат теписи, перници, навлаки, јоргани.

-Млеко за малиот Лука, шишенца за млеко, играчки.

-Потребна им е храна, прибор за јадење.

-Потребни им се алишта, кондури, средства за перење, детергенти.

-Немаат шпорет и телевизор. Имаат потреба и од друг вид на мебел.

-Потребни им се кабли за електрични инсталации. Немаат и струја. Јавно ја повикуваме ЕВН дали може да помогне во тој дел.

-Немаат вода.

Како што ни објасни Оливер, нивната куќа се наоѓа на улица Гоце Делчев број 15, на почетокот од Свети Николе, делот од кај влезот за Велес.

Освен што можете да ги контактирате на телефонскиот број, можете да донирате и на сметката во Стопанска банка: 200001836405059, на име Оливер Симонов.

За донации може да ја контактирате и групата Вистински дела на љубезност.

Преземено од еМагазин и фб

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: