Апел за помош на Елена Николовска

10

Преземено од Канал5

Елена бара од хуманите помош да си ги види ќерките во бело
„Ми остануваат денови, додека можам, барем заматено да ги видам лицата на моите две ќерки и сопругот.

Да ги запаметам, оти ако не ја направам потребната операција, ќе останам слепа.“

40 годишната Елена Николовска со години има заболувања на мозокот, што ги зафатило и нервите на нејзините очи.

Последниот стадиум е операција, на старт се испитувањата , а сумата е над десет илјади евра.

Елена и нејзиниот сопруг се невработени. Тој по професија е пекар, работи кога ќе го викнат. Бара стабилна работа, Елена работела, но сега не може поради здравјето. Најголема сила еден ден да ги види ќерките во бело, па ако даде Господ да чува и внучиња од нив.

Она што некогаш спечалиле морале да продадат за лекување, станот е полупразен. Тие шест месеци живеат без струја, бидејќи немаат пари да ги платат сметките.  Најполн е аголот од ходникот, малата светлина од кандилото го осветлува ликовите на светците од малите икони. Елена тука го наоѓа мирот, но и надеж дека молитвите ќе станат реалност. Младата жена низ солзи и срамење ни ја подаде жиро сметката за помош.

Кој сака да помогне може да донира на 210501667848022 Тутунска Банка.

Телефонски броеви за донации

070 143-105 (за корисниците на Телеком)

143-482 (за корисниците на оне.ВИП)

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: