Апел за помош на Аце Трајановски

11

Преземено од ТВ Стар

Очајно и соочено со безизлез, семејството Трајановски од Делчево бара помош од хуманите за лекување на 36-годишнот син Аце, кој има редок тип дијабет и компликации кои му го загрозуваат животот. Аце три години се бори со високото ниво на шеќер во крвта, тој го живее својот млад живот со шеќер над 20.

  • Тоа е тип на дијабет модифициран и го има 0,03% од популацијата, а во Македонија и на Балканот изгледа го имам само јас, изјави Аце Трајановски.

Типот дијабет кој го има не се регулира, па полека му ги нагризува органите.Деновиве чека операција на урологија со дијагноза фимоза.

  • Кај мене шеќерот е секогаш над 20, органите почнаа да ми откажуваат, видот почна д ами откажува, забите ги извадов, немаме средства веќе ни за по болници ни за нигде…, продолжи Аце.

Анализи вршел и во германски институт кои го потврдиле дијабетот, но му препорачале лекување во западните земји кои имаат посовремени третмани за дијабет што за него е невозможна мисија.  Во семејството, единствен приход е работничката плата на таткото.

  • Тешко се живее, што се вели никако. Овие три четири години сме истоштени, нема начин вече како да се тера. Кој може, ако може некој да помогне. Инаку, јас неможам да му помогнам, Љубен Трајановски.

Овие луѓе неколку пати се обратиле з а помош до институциите, но се одбиени. Единствена надеж за да ја продолжат борбата со болеста и да го продолжат животот на Аце  е хуманоста и средствата кои ги очекуваат на име Љубен Трајановски, 300007046967004, Комерцијална банка. Повторно во Делчево, хуманоста е на испит.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од Раде Врчаковски, на Одговори

    Поврзано со Аце Трајановски- Постојат многу луѓе што го победиле дијабетот природно со менување на режимот на исхрана, едено момче од Америка има направено видео за тоа и истото ви го препраќам на следниот линк од youtube – https://www.youtube.com/watch?v=uDnd_C8Hkp8

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: