Апел за помош на Вероника Љоровска

19

Вероника Љоровска (21 год.) боледува од церебрална парализа и е тешко подвижна. Поради прогресивноста на болеста има јаки болки во колкот кои ја попречуваат да седи. Потребна е операција на колкот која треба да се изврши во Систина од страна на Др. Драган Христов. Операцијата чини 4.000 ЕУР, износ кој таа не е во можност сама да го обезбеди.

Вероника ги замолува сите добронамерни луѓе да и помогнат да ги собере потребните парични средства во износ од 4.000 ЕУР за операција на колкот, на кој начин би и помогнале многу во нејзината желба активно да продолжи да го живее животот и покрај ограничувањата кои и ги наметнува болеста.

Можете да донирате на следната трансакциска сметка

210-7-00000632770

НЛБ Тутунска банка

Или на донациски број за корисници на Телеком 070 143-177

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: