Апел за помош на семејството Ѓурески од Скопје

9

Преземено од ТУКА

Дополнителни информации за апелот може да прочитате и ТУКА

20 – годишната Валентина Ѓуреска боледува од церебрална парализа. Денот го поминува помеѓу четирите ѕида во старата куќа сместена во Припор. Ретко излегува од дома, освен на лекарски терапии и куси прошетки со количката во дворот. Додека Валентина како и секое дете мечтае за компјутер, родителите мака мачат да и обезбедат услови за подобар живот. Освен инвалидската пензија на таткото и посебниот додаток, семејството нема други приходи.

-Не можам да се воздржам, тешка ситуација имам голема, дваесет години се мачам со ова дете од државата немам никаква помош. Не можеш лекови да му купиш, тоа треба да се храни. Слабокрвно дете е, треба да му дадеш и јадење, лекови не можеш да му дадеш, треба да се лечи. Како да му ги дадам кога немам храна даму дадам, тешко е многу, вели мајката на Валентина.

Во февруари испратиле барање до Центарот за социјални работи во Кисела вода за добивање постојана парична помош. Иако законскиот рок за одговор е најмногу 2 месеци, тие го добиле во септември. На домашна адреса им пристигнало решение дека барањето е одбиено, бидејќи Валентина нема наполнето 26 години.

-Јас се обратив до Министерството за труд и социјала, тие не ми вратија ништо. Почнав и со жалба, а му следуваат на детето парична помош. Немаме уште одговор дали ќе му се додели или не, вели мајката на Валентина.  

Со наод, оцена и мислење од стручна лекарска комисија, Валентина има потврда дека е неспособна за работа и со тешки пречки во телесниот развој. Тоа е и еден од условите наведени во Законот за социјална заштита за добивање постојана парична помош. Дополнително, таа е неспособна за работа и не може да обезбеди средства за егзистенција. Од надлежното министерство тврдат дека во тек е постапка за решавање на случајот на Валентина.

На два наврати биле одбиени и од општина Кисела вода за еднократка парична помош и асфалтирање на улицата до домот. За полесен пристап со инвалидската количка на Валентина до куќниот праг помогнале од Црвениот крст. Додека семејството очекува помош од државата, преживуваат благодарение на хуманоста на соседите и роднините.

_________________________________________________________________________

ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ И ДА ПОМОГНЕМЕ НА ОВА СЕМЕЈСТВО.

Да ја исполниме желбата на Валентина да има компјутер, да и обезбедиме книги и останати работи кои им се потребни. Сите кои сакаат да и помогнат, со храна, лекови, облека, средства за хигиена, средства за домаќинство, дрва за огрев можат да ја побараат Мајката Тода  на 078-711-817.

Да помогнеме и со своето малку да го смениме животот на ова семејство на подобро.

Го можеме тоа, нели?

Жиро сметка: Тутунска Банка 210-501624787103 Тода Ѓуровска

Објавено 02.12.2015г.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

7 коментари

  1. Објавено од dragce, на Одговори

    humani luge ,biznismeni i site onie koi barem malku imaat moznost da se solidarizirame i sto e mozno pobrzo da pomogneme na semejstvoto gurevski.ova semejstvo kaj sto go zafatili bolesti i siromastija isto taka uslovite za ziveenje se losi.navistina ova semejstvo se naoga vo polozba od socijaleh rizik.devojkata valentina koja ima 20god.e so cerebralna paraliza i so teska anemija poradi slabata ishrana,tatkoto e invalid od soobracajka stoejci na avtobuska stanica dodeka majkata e na rab od psihicko rastrojstvo poradi tovarot koj go ima a e nemocna da se spravuva koja vece 20 god.go nosi.kucata vo koja sto ziveat e vo losa sostojba,nemelterisana,krovot tece i pola e pokriena pola ne e vo toj slucaj prokisnuva plocata i se vnatre muvlosuva,krovot e od salonitki koi od zabot na vremeto se ispukani-iskrseni. bi gi zamolil posebno gradeznite firmi,ministerstvoto za trud i socijalna politika,crven krst crkvata i site koi sakaat humano da se vklucat zAEDNICKI DA POMOGNEME NA OVA SEMEJSTVO..VI BLAGODARAM VO IMETO NA SEMEJSTVOTO.kontakt so semejstvoto ima vo samiot prilog na tekstot.

  2. Објавено од dragce, на Одговори

    SE MOLAT SITE DOBRI I HUMANI LUDzE DA SE POMOGNE NA OVA SEMEJSTVO

  3. Објавено од DRAGCE,dipl.soc.rabotnik,spec.od oblasta, на Одговори

    HUMANI LUDzE I DOBRONAMERNI DOZVOLETE DA SE ZDRUZIME I ZAEDNO DA POMOGNEME NA OVA SEMEJSTVO .NAJVAZNO VO OVOJ MOMENT E DA SE NAPRAVI KROVOT,DA SE OBEZBEDAT DRVA ZA GREENjE KAKO I HRANA ZA SEMEJSTVOTO..IMAMEGRADEZNI FIRMI,SITURANI LUGzE KOI NAVISTINA MOZAT DA POMOGNAT I TOA STO POBRZO ,MOZEBI NAREDEN DEN CE BIDE KASNO.VECE EDNA GODINA SE GRIZAM ZA OVA SEMEJSTVO HUMANO KAKO SOCIJALEN RABOTNIK AMA TREBA MNOGU POVECE DA SE ZDRUZIME.

  4. Објавено од Otec Oliver, на Одговори

    Дефинитивно е потребна помош… Ние, хуманитарната организација “Свети Спас”- Драчево, на ова семејство му помагаме континуирано една година со храна, хиг. производи и т.н. Но секако тоа не се единствените работи кои се потребни… Потребно е сите заедно да ги здружиме силите и секој да помогне колку може и со што може…. Затоа, упатуваме апел, сите да се вклучиме во оваа акција и секој од нас да помогне според своите можности…

  5. Објавено од DRAGCE RADICESKI, dipl.soc.rabotnik,spec.od oblasta na soc.rabota i soc.zastita, на Одговори

    Humani luge,humani gradzani na R.Makedonija i nadvor od granicite na makedonija kako i instituci, firmi a posebno vo ovie teski uslovi na ziveenje da se vkluci Crven Krst Ve zamoluvam vo imeto na semejstvoto Dzurovski pod hitno da pomogneme na ovie luge bidejci navistina se naodzaat vo mnogu losa sostojba gledajci i od socijalen aspekt i od zdravstven aspekt.Imeno vo momentov nemaat dovolno hrana iako pop O LIVER od crkvata sv.Spas od Dracevo nosi po nesto od prehranbeni proizvodi za cel mesec sepak toa e mnogu malku,nemaat drva za greenje.strujata pred pravoslavniot praznik Bozic im ja isklucija (imaat dolg od 72000denari za 2016god.)so intervencija EVN ja pusti no pod uslov da se plati poslednata smetka od 4000den.ama do 20januari da se podmiri dplgot ama od kade Valentina zeme poseben dodatok a tatkoto Blagoja e invalid so najmala penzija istiot e so stendovi a pred nove godina imal mozocen udar.Sekojdnevno gledame vakvi sudbini po ludzeto i se trudime kolku mozeme pomagame dajte i na ova semejstvo barem malku da ja ublazime sostojbata vo koj se naodza.Bi zamolil i televiziite da se vklucat i so svoj prilog na svojata programa da doprinesat da se pomogne na semejstvotoDzurovski.tel.za kontakt na ime na majkata Toda 078/711-817 isto taka vo tekstot postoi i ziro smetke od Tutunska banka dodeke humanitarna smetke ne se vo moznost de otvorat bidejci se baraat dokumenti a nema koj da gi obezbedi.

  6. Објавено од Ангелина, на Одговори

    Г-дине Драгче,јас колку што сум запознаена отецот Оливер ни одблиску неможе да се каже дека носи малку храна за семејството.Се согласувам дека можеби не е доволно,но никако неможам да се согласам дека е малку.„ до 3 литра зејтин,1 кг шеќер,1 кг сол,1кг гравц,`1кг ориз,неколку литри млеко тетрапак,450 гр зачинал,макарони 4 паковки,супи 4,палента 2 паковки,сок ВИВА 2 литра,паштети 30 парчиња од рудине,ме3сен нарезок ПКБ 3 конзерви,пилиња 2,батаци 1 кг,1 парче салама,1 кобасици 1 паковка виршли,наполитанки неколку паковки,мармалад тегла од 1 кг,шампон од 1 л,гел за туширање 1,сапун за миење 2 парчињаљ,сјај за садови од 1л,тоалетна хартија.Во подобрите месеци имало и по една вреќа од 9 кг прашак и што ти уште не.Па ајде сега вие видете дали тоа е малку.Ова семејство секогаш било приоритет и секогаш се гледало колку може повеќе да се помогне.Тоа се правело со душа и срце.Затоа ве замолувам Г-дине Драгче,кога во иднина ќе го спомнете името на отецот Оливер или пак Хуманитарната организација Св.Спас да зборувате искрено и во целост вистинито.

  7. Објавено од DRAGCE RADICESKI, dipl.soc.rabotnik,spec.od oblasta na soc.rabota i soc.zastita, на Одговори

    Humani lugze,gradzani na R.M. i nadvor od makedonija vo imeto na semejstvoto Dzurovski od Pripor,K.Voda da pomogneme na ova semejstvo koe navistina e vo nevolja od zdravstven,socijalen,stanben,finansov i drug aspekt.Se dosega e pisuvano i kazano i nekolku tv.kuci prenesuvaa so reportazi za ova semejstvo,tv.Nova,tv21,tvTelma,tv Kanal 5 i Zevzekmanija,dosega na ova semejstvo ne se izleze vo presret da se pompgne od nasita siogradzani.Eden mecec semejstvoto srede Skopje e bez struja poradi dolg e isklucena a nemaat od kade da ja platat,tragicno e sto vo semejstvoto ima dvajca invalidi kako soprugata i majka Toda da se spravi so vakvata situacija.Institucii,Min.za trud,Miun.za zdravstvo firmi,Crven krst,gradezni i prehranbeni firmi,biznismeni i site koi ste ,,vo moznost da se solidarizirame i da pomogneme na semejstvoto Dzurovski,nemaat drva za ogrev,hrana,lekovi a nemaat soodveten krov koj prokisnuva i dr.

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: