Апел за помош на семејство Јанкоски

3

Превземено од Bigorski.org.mk

12 јануари 2017 лето Господово

Почитувани верници, браќа и сестри, хумани граѓани и наши читатали, во овие денови на радосно Божикно ликување, кога си спомнуваме за неискажливото Божјо милосрдие кон човечкиот род, ни се дава можност да покажаме и ние малку милосрдие кон нашите собраќа, членовите на благочетивото семејство Јанкоски од с. Ростуше. Имено, семејната куќа на Јорде и Јаглика Јанкоски и нивните деца пред два дена изгоре целосно до темел, така што тие во ова време со екстремно ниски температури останаа без покрив над главата. 

Замолуваме, доколку сте во можност, да дадете доброволен прилог за обнова на нивната куќа, преку жиро-сметката: 200002778495540 Стопанска Банка АД Скопје, Јанкоски Јорде

 

Ви благодариме на братољубието!

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: