Апел за помош на Методи Митев

21

Преземено од ТУКА

Хередитарна спастична параплегија е болеста од која боледува 33-годишниот Методи Митев од Кочани која се појавила ненадејно и го совладала. Таа предизвикала потполна парализа и одземеност на двете нозе со можност да се пренесе и на рацете.

Единствена надеж повторно да застане на нозе му даваат лекарите од Кина кои велат дека со помош на матични клетки и операција за која ќе му бидат потребни околу 28 илјади евра ќе може да функционира нормално. Митев ги моли хуманите граѓани да му помогнат да ги собере потребните средства.

– Пред некое време апелирав за помош за собирање средства да можам да купам количка како и за понатамошно лекување. Сега барам помош од хуманите луѓе да донираат да можам да соберам средства за лекување во Кина. Лекарите од Кина ми одговорија на моето барање дека може да ме излекуваат и ми гарантираат високи 99% дека ќе застанам на нозе. Тоа ми дава надеж да пробам да се лекувам во Кина но потребни ми се 28.000 евра средства кои јас во моментов ги немам. Затоа ги молам сите граѓани колку можат да ми помогнат. Им благодарам однапред, вели Методи Митев.

И младинската организација од СОУ „Љупчо Сантов“ стои на располагање за помош на нивниот сограѓанин.

– Ние членовите од Младинската органзиација од СОУ „Љупчо Сантов“ организиравме хуманитарен настан за помош на Методи Митев. Сега повторно сакаме да ја покажеме нашата хуманоста така што организираме хуманитарен концерт чиј датум допрва ќе биде одреден. Парите кои ќе бидат собрани од концертот ќе бидат наменети за помош на Методи Митев. Затоа ги молиме сите хумани граѓани да донираат во хуманитарни цели, рече Славко Тунчев, член на МО „Единство“ од СОУ „Љупчо Сантов“ .

– Младинската органзиација од СОУ „Љупчо Сантов“ не застанува тука, туку ќе организираме и уште вакви настани со цел да им помогнеме на сите луѓе на кои има е потребна помош, рече Захари Попзариев, член на МО „Единство“ од СОУ „Љупчо Сантов“.

Митев пред извесно време бараше помош од граѓаните за собирање средства за набавка на инвалидска количка со моторен погон. Граѓаните му помогнаа и тој такво помагало доби кое чинеше околу 2.000 евра. Инаку, сите хумани граѓани кои се заинтересирани да му помогнат можат да донираат на

Трансакциска сметка за донација :
210-700000626368 Тутунска Банка

Телефонски број за донации за корисници на Телеком 

070 143-123

Телефонски број за донации за корисници на Оне.Вип

143-462

!!! 

Болеста на Методи е во напреднат стадиум и постои можност да ги зафати и рацете. Веќе е неопходно за Методи што поскоро да се изврши операцијата во Кина.

Да помогнеме на време!

ДА ПОМОГНЕМЕ ДА СЕ СОБЕРАТ НЕОПХОДНИТЕ СРЕДСТВА!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење